10
јануари
2012

Долг ден5

Дали досадата или несреќата

го прави денот долг?

Или денот е долг како што секогаш и бил?

Дали среќата или заборавот го прави пократок?

Или тој е само онаков како што отсекогаш и бил,

обичен.

Ден.. пак ден..

ми недостасува ноќта..

Толку долг, а толку обичен

како и секој ден.

Дали необичниот ден е пократок од обичниот

или е ист?

Ако е ист.. тогаш

зошто толку долго трае болката?

8
јануари
2012

..0

Сакаше да паѓа дожд

капка по капка врз неговото лице..

но една по една се слеваа од нејзините очи.

Сакаше да огрее сонце,

да ја гледа неговата рака

како минува низ црвените прамени

од нејзината коса.

Сакаше да се разбуди

обвиткана со мирисот на неговото тело.

Ја напишти разумот..

Само посака вечно да заспие..

16
декември
2011

Антајтл2

Кога ќе мислиш дека ја гледаш реалноста

ќе падне густа магла,

а кога ќе успееш да ја допреш

ќе те турне сизифовиот камен.

Пак од почеток..

ист пат, а различен.

Кога ќе го помирисаш созвездието

ќе те осудат за лош вкус,

а кога ќе се сместиш меѓу некое од нив

ќе те направат луд.

Кога ќе и се восхитуваш на дивината

ќе те сметаат за животно,

а ако истакнеш дека си горд

ќе те прогонат.

Тогаш се прашуваш,

дали ти или тие заслужуваат да живеат.

Тогаш се сомневаш во убавината на животот.

Се плашиш..

се плашиш од сопствените ставови.

Се покриваш со челик,

стануваш груб за да не те повредат.

А тие те туркаат..

На крајот кога ќе ги победиш ја сфаќаш загубата.

6
октомври
2011

Припаѓам18

Како вирусот,

кој го пронаоѓа мирот во телото.

Како воздухот,

кој ја пронаоѓа среќата во здивот.

Како среќата,

која ја пронаоѓа слободата во насмевката.

Како сонот,

кој ја бара реалноста во тебе.

Безвремен простор -

и твојот разѕвонет глас.

Безпросторно време -

и твојата прегратка.

3
октомври
2011

Едноминутен молк1

Сув здив меѓу испукнатите усни,

долг поглед во невидливото,

замрзната мисла на половина пат,

нејзините стапала смрзнати чекореа неподвижно.

Ширум отворените очи

го повикуваа сонот во сон,

ја повикуваа реалноста во реалност.

Гордоста ја предаваше..

Гледаше во сопствената рака

која цврсто беше фатена за ѕвездата водилка.

Се плашеше..

стравот полека разгоруваше во неа,

го чекаше моментот да избувне.

Таа се плашеше..

се плашеше да не и одлета ѕвездата.

29
септември
2011

Еднаш одамна0

Како сончевиот зрак кога ќе започне

да пробива меѓу карпите во муграта.

Како плачливиот глас

кога ќе започне да се бори со воздухот.

Како тивката ноќ..

Еднаш одамна плачев

Еднаш одамна ја чекав музата

Еднаш одамна таа не се појави.

Еднаш одамна заминав од реалноста

и заборавив да се вратам.

Заборавив да чувствувам

Заборавив дека постојам.

Тогаш се појави..

Заборавив дека некогаш сум заборавила.

1
јули
2011

Се уништувам2

Скротена,

останав без капка солза.

Овенета ги бројам деновите до моето гниење.

Посакувам да ги испишам чувствата

и да ја фрлам хартијата подалеку од мене.

Посакувам да измине сето време

и да се заглавам во една минута,

во минута во која нема да чувствувам.

Она што бев некогаш

она што се сите

луѓе заслепени од иста слика,

заситени од ист мирис.

Само да останев..

да останев залепена во мозаикот.

Една насмевка – една нова лузна.

Една насмевка,

уште една лузна на срцето.

Се уништувам..

19
јуни
2011

Ритам3

Изморена,

веќе изморена од животот.

Ги затворам очите..

сонот бега од мене

лицата што ги среќавам исчезнуваат.

Никогаш не сонував светлина.

Се губам во мислите,

се обидувам да го фатам ритамот по кој сите играат,

но безуспешно..

Се обидувам да се вратам назад,

да побегнам од бурата,

да се спасам.

А каде?

Само еден е конецот за кој сите се држат,

а јас се пуштив од низата.

Повредена,

веќе повредена од животот.

Ги отворам очите и

се што гледам е илузија,

ритамот по кој сите играат.

Се обидувам да го фатам..

Ја заспивам душата

се затворам

само за да го фатам ритамот по кој сите играат..

безуспешно.

2
јуни
2011

Муза3

Видов светлина во мрак,

видов темнина во зората.

Видов доволно

за да ги напишам најтажните стихови,

доволно за да не ги допишам.

Ја чекам ноќта,

тишината,

моментот кога сите ќе паднат во далбок сон

и ќе одекнува само шумот на моето срце.

А потоа,

потоа повторно ќе чекам..

ќе чекам да се појави музата

и да ме спаси од немирот.

Видов доволно за да се откажам,

за да престанам да сонувам.

А ти..

Ги виде ли расцветаните ружи,

зрелите плодови?

Ги виде ли голите раце што бараат помош?

Го чекам денот,

моментот кога сите ќе брборат,

а јас ќе бидам тивка,

невидлива.

А потоа,

потоа ќе чекам да се појави музата

и да ме спаси од мирот.

Видов доволно за да чувствувам грев,

за да се чувствувам немоќна,

за да се откажам.

Чекам..

чекам да се појави музата

за да ги допишам стиховите.

26
мај
2011

Време е2

Се обоив во сино,

се покрив со прашината,

одамна си го закопчав срцето.

Време е..

да престанам да сонувам,

да ги затворам очите и

да ги избројам вредните парчиња

од мојот живот.

Празнина.. што друго?

Само празни соништа..

горчлив воздух,

премногу врева,

премногу солзи..

Чекам..

нестрпливо чекам да заврши ноќта,

ме убива.

Ја чувствувам тежината на капките дожд,

чувствувам болка од ветерот..

Време е..

време да престанам да сонувам,

да престанам да чувствувам.